Регионална ЕСГ конференција "Градење отпорност во свет што се менува“
- Регионалната ЕСГ конференција насловена "Градење отпорност во свет што се менува“, посветена на стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување (ESG), ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од Европската унија.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Регионалната ЕСГ конференција насловена „Градење отпорност во свет што се менува“, посветена на стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување (ESG), ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од Европската унија.
Како што соопштуваат организаторите, настанот ќе биде отворен од страна на Живко Мукаетов, член на Управниот одбор на АмЧам Северна Македонија, и Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на ЕБОР во Скопје.
Како клучни говорници на настанот се најавуваат: д-р Себастијан Данет од Програмата за животна средина на ОН (UNEP); д-р Дејан Валентинчиќ од Американско-словенечката образовна фондација и Катја Бехтел, советник за деловен интегритет.
На настанот е предвидено да се оддржат и неколку панел дискусии кои ќе се осврнат на некои од најзначајните прашања поврзани со ESG стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување. вг/нд/
Фото: Принтскрин