Промоција на два истражувачки труда за анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ
- Како што е објавено во агендата на Собранието, настанот ќе биде отворен од Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе бидат промовирани два истражувачки труда - „Анализа на јавното мислење за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапувањето во ЕУ во 2025 година“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и фондацијата „Конрад Аденауер“.
Како што соопштија од Институтот за демократија, анализите за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија се изработени врз основа на истражувањето на јавното мислење преку теренска работа спроведено во периодот од 22 октомври до 5 ноември 2025 година, на примерок од 1003 испитаници.
Како што е објавено во агендата на Собранието, настанот ќе биде отворен од Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје.
Истражувачките трудови ќе бидат презентирани од страна на авторите Иван Дамјановски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, Анамарија Велиновска, раководителка на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија и Кире Миловски, истражувач во Центарот.
Осврт на резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење ќе дадат евроамбасадорот Михалис Рокас, Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.
Завршно обраќање на настанот ќе има германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. нд/са/
Фото: МИА архива