• петок, 22 ноември 2024

Примопредавање на должноста Претседавач на Политичко – воениот управувачки Комитет на SEDM, одбележување на годшнина од формирањето на SEEBRIG

Примопредавање на должноста Претседавач на Политичко – воениот управувачки Комитет на SEDM, одбележување на годшнина од формирањето на SEEBRIG

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, денеска заменикот министер за одбрана Тирон Јајага, ќе се обрати на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста Претседавач на Политичко – воениот управувачки Комитет и Координативен комитет на SEDM и примопредавање на должноста Командант на Бригатата на Југоисточна Европа SEEBRIG и одбележувањето на 24 годишнината од формирањето на SEEBRIG.

На свечената церемонија претседавањето со Политичко – воениот управувачки Комитет и Координативен комитет на SEDM ќе го преземе Симона Којачару, државен секретар и шеф на секторот за одбранбена политика, планирање и меѓународна соработка во романското Министерство за одбрана, а новиот командант на Бригадата на ЈИЕ бригадниот генерал Билбил Битри од Албанските вооружени сили ќе ја преземе од досегашниот бригаден генерал Евангелос Митруцикос.

На церемонијата, информираа од МО, покрај заменикот министер за одбрана, Тирон Јајага, ќе  присуствуваат и началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадори, заменици на министрите за одбрана, замениците на генералштабовите и воените аташеа на земјите учеснички во бригадата. 

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа: Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса. Република Северна Македонија е домаќин на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово, до 2026 година. цр/са/

Фото:МИА

Остани поврзан