• петок, 20 декември 2024

Претседателот Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, годинава насловен „Обнова на довербата“. 

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека е предвидено тој да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светските економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

-На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи, информира Кабинетот на Пендаровски. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан