Презентација на софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд
- Управниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе промовира софтвер со кој дигитално ќе биде поврзан со јавните органи и Вишиот управен суд.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Управниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе промовира софтвер со кој дигитално ќе биде поврзан со јавните органи и Вишиот управен суд.
На промоцијата на „Софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд” ќе се обратат претседателот и заменик-претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и Марта Телегравчиска, и претседателот на Судскиот совет на РСМ, Александар Камбовски.
Системот за дигитализација ќе го презентира претставник на носителот на јавната набавка - „ЕДУСОФТ ДОО“ Скопје. хс/са/
Фото: МИА архива