• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на резултати од истражување за придобивките од регионалниот заеднички пазар во земјоделството и туризамот

Презентација на резултати од истражување за придобивките од регионалниот заеднички пазар во земјоделството и туризамот

Скопје, 18 мај 2023 (МИА) - Аналитика тинк-тенк денеска ќе ги презентира наодите од студиите за влијанието на регионалниот заеднички пазар врз секторот земјоделство и туризам во Северна Македонија и наодите од истражувањето „Перцепции на компаниите од дејноста земјоделство и туризам во Северна Македонија за иницијативата Отворен Балкан“.

Студиите и истражувањата се изработени во рамки на проектот „Зајакнување на регионалната економска интеграција – Можностите и придобивките од регионалниот заеднички пазар во секторот земјоделие и туризам во Северна Македонија“, со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ).

Целта е, како што наведуваат организаторите, е да се направи сеопфатна анализа и проценка на придобивките на Северна Македонија од заедничкиот регионален пазар, со посебен акцент на секторите земјоделство и туризам. Анализите ја опфаќаат состојбата во нашата економија (секторите земјоделие и туризам) почнувајќи од периодот пред и за време на пандемијата и украинската криза утврдувајќи ги критичните точки на развој/поврзување кои можат да бидат катализатори на регионалното поврзување и иницијативата Отворен Балкан. Анализирани се и прецепциите на компаниите од двата сектори за ефикасноста на досегашните владини мерки и политики.

-Посебно акцентирани се придобивките за компаниите во однос на иницијативата Отворен Балкан. Преку овој настан сакаме да отвориме дијалог помеѓу сите релевантни засегнати страни, но пред се, интегрирање на сите засегнати страни (јавен и приватен сектор) преку анализи и препораки за важноста на потребата за економско интегрирање на земјите од Балканот преку иницијативата Отворен Балкан и уште поголемо зајакнување на економската соработка и интеграција на Северна
Македонија во рамки на Западен Балкан, посочуваат од Аналитика. вг/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан