• понеделник, 23 декември 2024

Прашањето за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот на Општа седница на Врховниот суд

Прашањето за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот на Општа седница на Врховниот суд

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Врховниот суд на Република Северна Македонија, денеска ќе одржи Општа седница во врска со правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот, по поднесена Иницијатива за утврдување на начелно правно мислење и начелен став од Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид.

- Според Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, постои потреба од утврдување на начелен став во врска со повредата на правото на здрава животна средина, односно колку државата обезбедува, односно не обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина, особено во делот на загадувањето на воздухот, информираат од Врховен.

Согласно Заклучокот од Општата седница одржана на ден 11 јули годинава, Општата седница ќе се одржи со учество на проф. д-р Борче Давитковски. дма/ев/

Фото: Врховен суд

 

 

Остани поврзан