• петок, 20 септември 2024

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Во кафе-книжарницата „Буква“ од денеска до 22 септември ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8.

ArtArea/Артерија е книжевно-мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Бегемот“. 

На годинашното издание ќе може да се проследат шест промоции на книжевни дела, два музички настапа, краток документарен филм и изложба на фотографии. 

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и книжевната мрежа Традуки. мч/нд/

фото: Бегемот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан