• петок, 22 ноември 2024

Меморандуми за соработка за отворање „Europe House“ во Велес и во Битола

Меморандуми за соработка за отворање „Europe House“ во Велес и во Битола

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе потпише Меморандуми за соработка со градоначалниците Марко Колев и Тони Коњановски за отворањето на „Europe House“ во Велес и во Битола.

Како што е најавено, амбасадорот Гир и градоначалникот на Велес, Марко Колев ќе потпишат Меморандум за соработка и ќе проверат до каде е изградбата на „Europe House“ Велес со посета на локацијата. Работите започнаа во јануари оваа година и треба да се завршат во период од четири месеци.

Потоа, амбасадорот Гир ќе ја посети Битола за да го потпише Меморандумот за соработка со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Церемонијата на потпишување ќе се одржи во Офицерскиот дом, каде во иднина ќе биде сместена „Europe House Битола“, а ќе присуствува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Се планира „Europe House“ Битола да биде отворена оваа година на Денот на Европа. Отворањето на „Europe House“ во Велес и Битола ќе ја прошири мрежата на „Europe House“ во Северна Македонија. Во моментов, постојат три „Europe House“ - во Скопје, Крива Паланка и Струмица. Делегацијата на ЕУ планира понатаму дополително да ја прошири мрежата со отворање на уште две „Europe Houses“ во Тетово и Струга.бт/са/

 

Остани поврзан