• недела, 22 декември 2024

Обука за средношколци за справување со земјотресите во Битола

Обука за средношколци за справување со земјотресите во Битола

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) денеска организираат обука за справување со земјотресите за средношколците во битолското средно училиште „Јосип Броз-Тито“. 

Обуката се одржува во рамки на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за ризиците од земјотресите (ИСРА), финансиран од Европската Унија. Покрај ИКС и ИЗИИС, партнери на проектот се Аристотел универзитетот од Солун, Грција, Фондацијата Еуцентре од Павија, Италија и Политехничкиот универзитет од Тирана, Албанија. сст/са/

фото МИА архива

 

Остани поврзан