• недела, 22 декември 2024

Пенов и Стојкоски на увид во завршните работи за изградба на колектор за отпадни води во Ѓорче Петров

Пенов и Стојкоски на увид во завршните работи за изградба на колектор за отпадни води во Ѓорче Петров

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ќе направат увид во завршните работи на проектот за изградба на колектор за отпадни води во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Министерството за локална самоуправа со проектот во висина од 329 илјади евра преку Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Косово, со поддршка на ЕУ се решава важно прашање за граѓаните.

Со колекторот за отпадни води, како што посоочуваат од Министерството, ќе се заштити животната средина и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Орман. дма/лв/


Фото: МЛС

Остани поврзан