• вторник, 02 јули 2024

Пендаровски ќе одликува истакнати спортисти со „Медал за заслуги“

Пендаровски ќе одликува истакнати спортисти со „Медал за заслуги“

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува Лазар Лечиќ, постхумно Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

Одликувањето, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава. бт/бак/

Фото: МИА архива



Остани поврзан