• четврток, 18 јули 2024

Панел дискусија за дезинформациите и говорот на омраза против родова и сексуална еднаквост

Панел дискусија за дезинформациите и говорот на омраза против родова и сексуална еднаквост

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Панел дискусија на тема „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Институтот за медиуми и аналитика - ИМА.

Панелисти на дискусијата ќе бидат Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини, Кире Василев од Дијалог - Центар за делиберативна демократија, Давид Тасевски од Скопски Квир центар, Вики Младенова, докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Модератор на настанот ќе биде Петрит Сарачини, а по излагањата на панелистите е предвидена и дискусија. вј/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан