• вторник, 16 јули 2024

Панел-дискусија за предизвиците со кои се соочуваат толкувачите во транзитни центри за бегалци

Панел-дискусија за предизвиците со кои се соочуваат толкувачите во транзитни центри за бегалци

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Филолошкиот факултет при УКИМ денеска организира панел-дискусија „Предизвиците со кои се соочуваат толкувачите и институциите во хуманитарен контекст во РС Македонија“ со која ќе го претстави Еразмус+ проектот „РеТранс“. 

Проектот се однесува на интеракција со толкувачи во транзитни зони за бегалци: градење капацитети и
подигнување на свеста во контекст на високото образование.

Панел-дискусијата ќе се фокусира на прашањата какви потреби имаат бегалците при влез во државава, каква улога има толкувањето во овој контекст и каква е правната рамка.

Исто така, ќе ги отвори и прашањата како соработуваат институциите со толкувачите на регионално и на меѓународно рамниште, со какви предизвици се соочуваат толкувачите и засегнатите странки во Северна  Македонија, што е досега постигнато и што треба дополнително да се направи и како може да се подобри состојбата за двете страни: за толкувачите и за засегнатите странки. хс/бак/

Фото: Филолошки факултет при УКИМ 

Остани поврзан