• недела, 22 декември 2024

Официјално стартува кампањата „Делувај сега, за природата“

Официјално стартува кампањата „Делувај сега, за природата“

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) - По повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на природата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на настан во Парк - шумата Гази Баба официјално ќе го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.

Кампањата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природата, да го поттикне волонтерството и грижата за природата која значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет. дма/сст/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан