• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Меѓународниот ден на ромскиот јазик

Одбележување на Меѓународниот ден на ромскиот јазик

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) – Под мотото „Ромскиот јазик – Коренот на ромскиот идентитет“ денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе биде одбележан 5 Ноември, Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Во рамките на одбележувањето ќе се одржи академски час со учество на истакнати домашни и странски познавачи на ромскиот јазик и дискусија на тема „Значење и унапредување на ромскиот јазик“.

Воедно ќе бидат доделени 5-то Ноемвриски плакети за особен придонес во ромскиот јазик и литература и ќе се презентира изложбата „Ромскиот јазик – Коренот на ромскиот идентитет“. вј/са/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан