Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
- Јаневска ќе зборува на панелот на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“. На панелот ќе зборуваат и Клариса Бехар Молар, директор во Adizes Executive Education и Арбен Јусуфи, извршен директор и коосновач на Леорон институтот.
Скопје,13 мај 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествува на панел дискусија во рамки на 14-от годишен Самит на Македонија 2025.
Јаневска ќе зборува на панелот на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“ на кој ќе зборуваат и Клариса Бехар Молар, директор во Adizes Executive Education и Арбен Јусуфи, извршен директор и коосновач на Леорон институтот.
На Самитот Македонија 2025 денеска фокусот ќе биде ставен генерално на вештачката интелегенција, но и како оваа револуционерна технологија ќе влијае на развојот на индустриите.
Годинашниот Самит на Македонија 2025 е најголем досега и обединува над 700 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни лидери, претприемачи, креатори на политики, меѓународни експерти и претставници на академската заедница и на граѓанскиот сектор. ев/бак/
Фото: МИА архива