Концерт „Виртуози на хорна“ во Филхармонија
- Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.
Скопје, 29 декември 2025 (МИА) - Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.
Покрај Благоја Василевски, на регионот ќе настапат Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и оркестар на РТВ Словенија), Никола Чириќ (прва хорна Белградска Филхармонија), Илир Кодима (прва хорна Косовска Филхармонија и Факултет за музичка уметност Тирана) и Милан Роксандиќ (театар Нови Сад).
На програмата ќе бидат изведени познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.
- Овој настан претставува значаен пример за меѓународна соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и современ пристап кон камерната музика за хорни. Публиката ќе има можност да ужива во програма што ги истакнува богатството и можностите на овој инструмент, како и заедничката визија за развој на брас сцената во регионот, велат од Скопскиот Брас Фестивал.
Влезот за концертот е слободен. бак/бк/
Фото: Скопски Брас фестивал