„Конекција Оксфорд“ ќе се одржи по единаесетти пат
- Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) од денеска до 4 април ја организира единаесеттата по ред програма „Конекција Оксфорд“.

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) од денеска до 4 април ја организира единаесеттата по ред програма „Конекција Оксфорд“, која овозможува размена на идеи меѓу академици, професори, научници, студенти и други интелектуалци.
-Досега преку оваа иницијатива во Македонија гостувале над сто научници од Оксфорд, кои годинава ќе бидат надополнети со уште петтмина други, велат од БИВК.
Како што е наведено во програмата од Институтот, за денеска е предвидена средба во Кабинетот на претседателот на државата.
- Балканскиот институт за вера и култура е основан во 2011 година. Институтот самостојно и во соработка со други институции организира настани кои обработуваат социјални, културни и уметнички теми, а со цел да се даде придонес во тие сегменти на македонското општество. Меѓу бројните такви иницијативи ги издвојуваме соработката меѓу БИВК, МАНУ и претставници од Оксфордскиот Универзитет во организирањето на конференција со наслов „Библијата и Книжевноста” која се одржа во април 2017. Од 2011 година БИВК оствари. Плодна соработка со „Иванов школо за млади лидери“. Во 2023 година двајца предавачи говореа во кабинетот на Претседателот на Република Македонија на темата квантни компјутери и вештачка интелигенција, се наведува во соопштението. дма/са/
Фото: принтскрин