Доделување на награди за „НАВИГАТОР 2.0“ по повод Денот на човековите права
- Со свечен настан за доделување на наградите од онлајн играта за човекови права „НАВИГАТОР 2.0“, денеска во Europe House Скопје ќе се заокружи овогодинешното издание на играта, како и одбележувањето на Денот на човековите права и кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) - Со свечен настан за доделување на наградите од онлајн играта за човекови права „НАВИГАТОР 2.0“, денеска во Europe House Скопје ќе се заокружи овогодинешното издание на играта, како и одбележувањето на Денот на човековите права и кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
Настанот ќе ги обедини добитниците на наградите, амбасадите на земјите членки на Европската Унија, како и другите партнери кои беа дел од „НАВИГАТОР 2.0“.
Присутните ќе имаат можност да се запознаат со резултатите од играта и нејзиното влијание врз подигнувањето на свеста кај младите за човековите права, преку иновативен и интерактивен едукативен пристап.
Воедно, настанот ќе претставува и можност за медиумско покривање на еден од најиновативните формати насочени кон младата популација во областа на човековите права и борбата против родово базираното насилство. дма/са/
Фото: Илустарција