• петок, 22 ноември 2024

Второ издание на проектот „Добри гости“ во Тетово

Второ издание на проектот „Добри гости“ во Тетово

Тетово, 1 април 2023 (МИА) - Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје денеска во Тетово ќе го реализира и второто издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи во „Инфинити ‒ кичен бар“, а ќе читаат Лилјана Пандева, Снежана Стојчевска, Љубица Шопова, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади, Перица Сарџоски, Јован Дамјановски, Милена Илиевска, Наим Иљази, Тофе Јаковлевски, Никола Трпески ‒ С.А.М. и Ангела Бошкоска.

Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски, а „Култура бета“ ќе биде медиумски партнер на проектот.

„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2023 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори. дма/са/

Фото: ПНВ Публикации

Остани поврзан