• понеделник, 23 декември 2024

Втора Регионална конференција за медијација

Втора Регионална конференција за медијација

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - „Заеднички кон поголема афирмација на медијацијата во РСМ, заради искористување на сите нејзини бенефити“ е темата на втората Регионална конференција што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ - групација на Светска банка и Националниот совет за медијација - Владино тело.

Како што е најавено, панелисти ќе бидат координаторите од асоцијациите за медијација при стопанските комори од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија и Црна Гора. Тие ќе зборуваат за постигнувањата и користењето на медијацијата, секој во својата земја, како и за чекорите што треба поединечно секоја институција да ги преземе, за регионално дополнително вмрежување и уште поголема афирмација и популаризација на медијацијата заради искористување на сите нејзини предности.

Конференцијата ќе биде поделена во два дела. Во првиот дел ќе се обратат високи претставници од Владата на РСМ кои ќе говорат за поддршката на државата за поголемо користење на медијацијата, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој ќе се осврне на придобивките на медијацијата кај стопанските спорови и националниот координатор за медијација, Јелисавета Георгиева Јовевска.

Обраќања ќе имаат и амбасадори/претставници од Амбасадата на СР Германија во РСМ, ЕУ делегацијата во РСМ (за поттик од користење на медијацијата по примерот на европските земји), како и од УНДП во делот поголема застапеност на медијацијата во локалната самоуправа со цел подобар развој на општините. мч/хс/

фото: МИА архива

Остани поврзан