Во Собранието ќе заседаваат четири комисии, матичната Комисија ќе спроведува интервју на пријавените кандидати за член на ДКСК
- Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е спроведувањето интервјуа на пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 45/2026). На огласот за нов член на ДКСК пријавени се четворица кандидати: Борче Стојановски, дипломиран економист од Скопје, Милка Муратовска, дипломиран правник и мастер по антикорупциски науки од Струмица, Владимир Клековски, дипломиран правник и адвокат од Скопје,
Марија Катралова-Китанов, дипломиран економист од Кавадарци, и Антонија Андонова-Тасевска, дипломиран правник од Гевгелија.
На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е предлог-законот за изменување на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
На дневен ред на двете седници на Законодавно-правната комисија се предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предлог-законот за изменување на Законот за утврдувањетоа јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија, и двата по скратена, и предлог-законот за Jавното обвинителство, во второ читање. фф/бк/
Фото: МИА Архива