• недела, 22 декември 2024

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Скопје, 23 април 2024 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет. 

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков. хс/са/ 

Фото: Национална опера и балет

 

Остани поврзан