• недела, 07 јули 2024

Изложба во Галеријата „Остен“ по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо

Изложба во Галеријата „Остен“ по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Галеријата „Остен“ денеска ќе реализира еднодневна изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо, со наслов, „ПИКАСО - керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на „Остен Музејот“.

Од Галеријата информираат дека Музејот има импресивна колекција од 88 дела од Пабло Пикасо (1881-1973), меѓу кои 8 цртежи, 37 керамики и 43 графики, од кои дел ќе бидат претставени на изложбата.

Изложбата ќе трае од 10 до 22 часот, додека отворањето ќе се одржи во 19 часот. сх/сп/

Фото: Остен

Остани поврзан