• петок, 22 ноември 2024

Нашков: Преоден период за опстојување на текстилството август и септември

Нашков: Преоден период за опстојување на текстилството август и септември
Штип, 6 јули 2021 (МИА) - Почнува да се стабилизира текстилниот сектор во текот на летните месеци, но според Кирил Нашков претставник на штипските текстилни конфекции во Текстилниот сектор компаниите кои успееја да ја пребродат ковид кризата и локдауните во Европската унија, во моментов работат за старите партнери, но и морале да се преорентираат и на шиење на други  производи. Целосно нормализирање во овој сектор се очекува во есенските месеци. -Ние и порано предвидуваме дека може да се очекува постепена нормализација на состојбите од септември, односно од октомври. Кога ќе почнеме да работиме за следната летна сезона, бидејќи пазарот во Европа се нормализираше оваа лето. Така да очекуваме да имаат побарување за следното и ќе им требаат нови колекции. Но, да не звучам повторно песимистично, ова се очекуваше и тоа е реалноста, вели Нашков. Посочи дека голем дел од фирмите имаат проблеми да обезбедат работа и да ги задржат работниците, а какошто вели сезоната ќе трае и пократко, нема да трае до крајот на септември. Се очекува налози за шиење да имаат до крајот на август, но кога ќе почне новата сезона не се знае. Ова, како што вели, ќе биде преоден период, за да компаниите опстојат. Во тој период ќе им биде потребна помош од државата. Според проценките на Нашков, пандемијата од  20 до 30 отсто го намали бројот на вработени во текстилните конфеции. Според него изминатиот период битката била да се задржат работниците, бидејќи со години им требало да градат добри тимови. Текстилството и пред пандемијата одеше по надолна линија, заедно со кожарската индустрија сочинуваа околу 20 проценти од вработените во државата. вдј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан