Националниот џез оркестар го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендес
- Националниот џез оркестар соопшти дека се одложува концертот на португалската пејачка Мариа Мендес, кој беше закажан за 25 март оваа година, поради трагичниот настан во Кочани.

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Националниот џез оркестар соопшти дека се одложува концертот на португалската пејачка Мариа Мендес, кој беше закажан за 25 март оваа година, поради трагичниот настан во Кочани.
Како што потенцираат, за новиот датум јавноста ќе биде известена дополнително.
-Ве известуваме дека поради големата трагедија која ја потресе целата наша земја, концертот на португалската пејачка Мариа Мендес, закажан за 25 март, се одложува. За новата договорена дата ќе ве известиме наскоро. Средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани преку MKTickets на вашата сметка, се вели во објавата на установата на нивната фејсбук страница.бт/са/
Фото: Фејсбук страница на Националниот џез оркестар