• понеделник, 23 декември 2024

Националната конвенција за ЕУ ќе дебатира за социјалните политики и вработувањата во услови на Ковид-19

Националната конвенција за ЕУ ќе дебатира за социјалните политики и вработувањата во услови на Ковид-19
Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи осмата сесија од вториот циклус на Работната група 2 – Социјална политика и вработување - Поглавје 19, на тема „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“. На оваа сесија на НКЕУ-МК ќе  стане збор за мерките за справување со здравствената криза што предизвикаа турбулентни промени и особено беа манифестирани во сферата на економијата и работните односи, за долготрајноста на пандемијата и неможноста да се предвидат идните текови на нови кризи од слична природа, што ја наметнуваат потреба од подлабоки анализи на состојбите во областа на работните односи, и тоа во поглед на капацитетот на постојната легислатива да го регулира доменот во новите околности, определување на клучните точки што треба да се редефинираат во случај кога работата мора да престане по ничија вина. Учесниците ќе разговараат и за ефектите од компензирачките мерки што ги донесе Владата, усогласеност на мерките и начинот на дејствување на институциите и други значајни прашања. На сесијата посебно внимание ќе биде посветено на искуствата од мерката – работа од дома и можностите да се креира неопходната легислатива за регулирање на оваа работна материја. На дебатата ќе бидат споделени искуства од земјава како и од Европската Унија, односно Словачка. нд/дма/

Остани поврзан