Нацева: Започна изградбата на кружниот тек кон Кавадарци
- Започна изградбата на кружниот тек кон Кавадарци, информираше денеска на Фејсбук, секретарот во Општина Неготино, Марија Нацева, која е и кандидат за градоначалник.
Кавадарци, 30 октомври 2025 (МИА) - Започна изградбата на кружниот тек кон Кавадарци, информираше денеска на Фејсбук, секретарот во Општина Неготино, Марија Нацева, која е и кандидат за градоначалник.
- Пред само неколку недели, ветив дека токму овде ќе започне нова страница во сообраќајната инфраструктура на Неготино. Денес, машините се на терен и работата е во полн ек. Тоа е разликата кога некој не само што ветува, туку и испорачува. Како секретар на општината, направив увид на терен. Ова е дел од мојата програма за градоначалник, но уште поважно, дел од мојата посветеност кон секој од вас, сподели Нацева.

Таа појасни дека проектот е со вкупна вредност од 9.265.257 денари, финансиран од проектот за поврзување на локални патишта од Светска банка, преку Министерство за транспорт. Општината кофинансирала 1.015.881 денари.
- На 2 ноември, ве повикувам да излезете и масовно да избереме помеѓу проекти и дела каде што зборот важи, сподели Нацева. свд/аа/
Фото : Фејсбук на Марија Нацева