• недела, 22 декември 2024

Научници чипираат лилјаци во Виена

Научници чипираат лилјаци во Виена
Виена, 3 август 2021 (МИА) - Тим научници ќе чипираат 22 постојни видови лилјаци во Виена, Австрија, за научно-истражувачки цели. Целта на истражувањето е да се испитаат живеалиштата и местата на движење на овие животни во градот. Посебно внимание се посветува на оние што живеат на тавани и во пукнатините од куќите. - Кога ќе бидат фатени во мрежа, ние врз нив лепиме мал предавател со тежина од само неколку грама, кој паѓа по некое време, објаснува Маркус Милхрам од австрискиот оддел на Канцеларијата за заштита и истражување лилјаци - КФФО. Научниците претежно ќе ги набљудуваат женките кои токму периодов се размножуваат. Особеност на лилјаците е дека, како и одредени видови птици, тие се многу приврзани за нивните живеалишта, што значи дека тие би живееле на исти места со децении, ако не и со векови генерации. Ако се изгуби трага од живеалиштето со младите единки, тоа е како загуба за целиот вид. Речиси сите видови лилјаци во Австрија се чисти инсектојади. Во светот, покрај овие ловци на инсекти, постојат и видови кои се хранат исклучиво со месо или исклучиво со растенија. Лилјаци „крвопијци“ не постојат во Средна Европа. Единствените три познати вида, кои се хранат со крвта на домашните животни, се наоѓаат во Средна и Јужна Америка.  си/сд/

Остани поврзан