• понеделник, 23 декември 2024

Наум Стоилковски: Вакцини нема, лекови нема, имунизација нема

Наум Стоилковски: Вакцини нема, лекови нема, имунизација нема
Скопје, 2 април 2021  Дојдовме тука по цела година во која што здравството и економијата во државата колабираа заради режимот, дојдовме тука по цела година по скандалозните објавувања на документи дека семејството на Венко Филипче, заедно со Илир Хасани сега заменик на Венко Филипче, и познат добитник на милионски тендери во здравството, половина потпишани токму од Венко Филипче и од Илир Хасани, заедно градат, како велат цела касарна на Водно! Вакцини нема, клексани нема, лекови нема, здравствениот персонал е на крај на силите, болнички кревети нема, кислород нема во болниците, здравствениот систем е колабиран, ама касарната на Венко Филипче на Водно напредува! Македонија се соочува со најголемиот погром врз населението, граѓани мигрираат во други држави да се вакцинираат, ама објектите на Водно напредуваат! Цела година откако го откривме скандалот со градењето на касарната на Филипче, цела година откако таа касарна, поткрепено со документи, прерасна во „Шпанско село “2 на Водно, цела година како оваа наводно семејна куќа зад мене, се претвори во цел комплекс, ама антикорупциска уште го држи предметот во фиока. Цела година мина, нема ништо од истрагата за одговорност, како тоа добитник на огромни милионски тешки тендери гради заедно на над 13.000 м2 на Водно со потписниците на тие тендери. Цела година, министерството за здравство го водат градежни партнери заедно со добитник на милионски тендери токму во здравството! Цела година мина, нема одговор како тоа семејството на министерот Венко Филипче односно најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од министерството за здравство и сите институции под ова министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра! Нема одговор, зошто неговото министерство лажеше и лажно тврдеше дека имотот во сопствеништво и во партнерски однос меѓу семејството на сопругата и добитникот на тендерите од здравството, е земјоделско а не градежно земјиште. Уште повеќе што тврдеше дека се гради како што и се гледа, значи е градежно земјиште, за кое семејството и добитникот на тендерите заедно финансирале во изработка на урбанистички план за „објекти за времено сместување“? Фактите се немилосрдни: вакцини нема, имунизација нема, а „Шпанско село 2“ на Филипче и тендер - партнерите напредува! Македонија се претвори во црна здравствена дупка, режимот и одговорните за здравството со месеци лажат за масовна вакцинација, смртноста од КОВИД е најголема со десетици, стотици неделно, документите покажуваат фантом - фирми и вратени аванси за вакцини, а „Шпанско село 2“ расте, а предметот во фиоки СТОО! Прашањата кои што останаа неодговорени се како со административна плата се доаѓа до над 15,500 метри квадратни имот на Водно,  но и што тоа планирал да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо на вакцинација? Но Филипче мора и да одговори, дали наместо на вакцини и имунизација, додека и кабинетот му се вакцинира во странство, повеќе бил посветен на градежништвото отколку на здравството? Изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан