• петок, 05 декември 2025

Натпреварот на Силекс против Дечиќ на видеобим во Кратово

Натпреварот на Силекс против Дечиќ на видеобим во Кратово

 

Кратово, 26 јуни 2025 (МИА) – Навивачите на Силекс на видеобим во центарот на Кратово ќе можат заедно го гледаат натпреварот на својот тим на гостувањето против црногорски Дечиќ во рамки на воведното коло во Конференциската лига.

Силекс на 10 јули му гостува на Дечиќ во првиот натпревар пред реваншот кој е закажан за 17 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

„ФК Силекс во соработка со општина Кратово на 10 јули на платото пред Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово организира заедничко гледање на првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига на Силекс со Дечиќ кој се игра во Тузи. Натпреварот ќе започне од 20:00, затоа сите симпатизери на клубот се замолуваат да дојдат половина саат пред почетокот на натпреварот“, се наведува во клупското соопштение.

Доколку Силекс ја мине првата пречка, противник на составот од Кратово во 2 квалификациско коло во Конференциската лига ќе биде виенски Рапид. ег

ФОТО: ФК Силекс/Фејсбук

Остани поврзан