• понеделник, 23 декември 2024

НАТО загрижен за руските активности на украинската граница

НАТО загрижен за руските активности на украинската граница
Брисел, 1 април 2021 (МИА)  - НАТО денеска изрази загриженост за акумулирањето на персонал и опрема на руската армија во близина на украинската граница. На состанокот на амбасадорите на НАТО, на кој се разговорало за неодамнешното зголемување на насилството во источна украинска област Донбас, официјален претставник на Алијансата за британските медиуми кажа дека Москва ги поткопува мировните напори во источна Украина. -Сојузниците ја споделија својата загриженост за неодамнешните големи воени активности на Русија во и околу Украина. Сојузниците се загрижени и за руските прекршувања на примирјето договорено во јули 2020 година, што минатата недела доведе до смрт на четворица украински војници. Руските дестабилизирачки акции ги поткопуваат напорите за деескалација на тензиите, изјави неименуваниот претставник на НАТО. сд/

Остани поврзан