• петок, 03 јануари 2025

НАТО донесе одлука да го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море 

НАТО донесе одлука да го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море 

Брисел, 31 декември 2024 (МИА) – Земјите членки на НАТО донесоа одлука за зајакнување на военото присуство на Алијансата во реонот на Балтичкото Море. 

Ваквата одлука е донесена на средбата на постојаните претставници на земјите членки при НАТО посветена на безбедноста на критичната инфраструктура во Балтичкото Море, по оштетувањето на подморските кабли што ги поврзуваат Естонија и Финска на 25 декември. 

Во соопштението од средбата се посочува дека сојузниците изразиле целосна солидарност со Естонија и Финска во врска со овој случај, при што се потсетува дека оштетувањето на каблите, за кое истрага водат финските власти, е еден од бројните неодамнешни инциденти во Балтичкото Море кои се сметаат за можна саботажа. 

- Со цел да се задржи будноста, да се зголеми свесноста за ситуацијата и да се одвратат идни инциденти, Сојузниците, исто така, размислуваат и за други мерки за справување со потенцијалните закани по критичната подводната инфраструктура, вклучително и со поддршката на Поморскиот центар на НАТО за безбедност на критичната подморска инфраструктура, основан во мај оваа година, се додава во соопштението. сп/ 

Фото: НАТО 

Остани поврзан