Наставници од четири земји во тетовско училиште на размена на образовни практики
- Од 12 до 18 септември, oпштинското основно училиште „Прпарими“ во тетовска Голема Речица е домаќин на наставен кадар од четири земји кои се дел од заеднички проект „Еразмус плус“ програмата з
Тетово, 13 септември 2021 (МИА) - Од 12 до 18 септември, oпштинското основно училиште „Прпарими“ во тетовска Голема Речица е домаќин на наставен кадар од четири земји кои се дел од заеднички проект „Еразмус плус“ програмата за мобилност и поддршка во образованието на Европската унија насловен „Љубов кон училиштето, намалување на отсуство и успешни активности да се сака училиштетото повеќе“.
- Оваа посета претставува втора мобилност во рамките на проектот. Учествуваат претставници на училишта од Франција - Мартиник, Турција, Полска и Романија. Целта на проектот е размена на искуствата во образовниот процес, изјави координаторот на проектот Бесник Алили.
Во 2019 година четворица претставници на просветниот кадар од ова училиштето престојуваа во споменатите земји каде во рамки на мобилноста за наставниот разменуваа образовани пракси и работни методи. ас/мс/