• понеделник, 23 декември 2024

Наскоро може да дојде до нова вулканска ерупција на Исланд

Наскоро може да дојде до нова вулканска ерупција на Исланд

Рејкјавик, 2 февруари 2024 (МИА) -  Во Ислснд наскоро може да се случи нова вулканска ерупција, предупредија денеска исландските власти. 

Исландската метеоролошка служба Ведурстоф денеска предупреди дека веројатноста за нова ерупција на полуостровот Рејкјанес е зголемена и дека тоа би можело да се случи во следните две недели, па дури и за неколку дена.

Таму во средината на јануари се случи жестока ерупција, каде за првпат по последниот речиси половина век, лавата уништи куќи.

Според метеоролошката служба, моделите базирани на ГПС-податоци покажале дека речиси 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале под областа Сварценги и дека магмата наскоро ќе го достигне истиот волумен како и во минатомесечната ерупција.

Значајна опасност му се заканува на градот Гриндавик, кој веќе беше евакуиран кон средината на јануари. сд/

фото:Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан