• понеделник, 23 декември 2024

НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас

НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас

Хјустон, 16 октомври 2024 (МИА) - Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит... Но, таа ќе се појави истовремено  со комета, што ќе биде ретка можност за љубителите на набљудувачите на ѕвездите и Вселената, објави НАСА.

Инаку, третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва ќе биде 357.364 километри блиску до Земјата, што ќе ја направи уште поголема и посветла од августовската и септемвриската супермесечина. Последната, четврта супермесечина за годинава ќе се појави на 15 ноември.

Кометата Цучиншан-Атлас која беше откриена лани, денеска ќе биде видлива и на северната хемисфера откако ќе ја проследат и набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.

- Светлината од супермесечината ќе го попречи погледот на дел од опашката на кометата, но глетката, сепак, вреди да се гледа по зајдисонце. Повеќето астрономи, меѓутоа, ја мразат полната Месечина бидејќи нејзината силна светлина го отежнува гледањето на другите вселенски тела, изјави Бил Кук од НАСА.

На македонското небо, според „Ведер фор ол“, денеска Сонцето ќе зајде во 17:51 часот.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан