• петок, 22 ноември 2024

„Нарконон” ги дезинфицира јавните површини во Конопиште

„Нарконон” ги дезинфицира јавните површини во Конопиште
Кавадарци, 31 јануари 2021 (МИА) - Екипа на „Нарконон Балкан” - Центар за одвикнување од зависности во кавадаречкото село Конопиште, попладнево изврши дезинфекција на јавните површини во селото. -Нашата женска екипа учествуваше во дезинфекција на сите внатрешни и надворешни површини во делот на манастирчето „Свети Атанасие” и дел од јавната површина на селото. Безбедност пред се за сите наши постари соседи. Истовремено, да си го заштитиме ова наше свето место во близина на нашиот центар, нагласи директорката Александра Димевска-Јокиќ. Таа потсети дека од почетокот на пандемијата досега, во Центарот во кој од зависност се одвикнуваат лица од земјава и странство, се почитуваат протоколите за заштита. свд/мч/

Остани поврзан