• петок, 22 ноември 2024

„Напредни лозари“: Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје 

„Напредни лозари“: Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје 
Кавадарци, 28 мај 2022 (МИА) - Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје од годинешната реколта и нема да дозволиме никој со објавување на првични суми да ја урива откупната цена уште во месец мај, реагираат вечерва од регионалното здружение „Напредни лозари“. - Со години наназад е обезвреднет трудот на лозарите. Некои од винарските визби со години манипулираат со нашата мака. Редно е да им се стави крај на ваквите поигрувања со производителите на грозје. Пораснаа цените на сите производи, на препаратите со кои ги третираме лозовите насади. Затоа очекуваме помош и поддршка од надлежните државни органи. Со нивно медијаторство, ние претставниците на лозарите заедно со претставници на винариите, да одредиме цена со којашто нема да бидеме во загуба, ако веќе не можеме да заработиме од лозаропроизводството, дециден беше Трајче Кулев, претседател на Здружението. Тој нагласи дека во најскоро време очекува да дојде до таква средба и сериозно да се разговара на оваа тема. свд/аа/

Остани поврзан