Наполи е подготвен да му понуди на Кварацхелија договор до 2028 година и двојно поголема плата
- Наполи е пред потпишување нов договор со играчот од средниот ред Квича Кварацхелија.
Неапол, 22 декември 2022 (МИА) – Наполи е пред потпишување нов договор со играчот од средниот ред Квича Кварацхелија.
Според „La Gazzetta dello Sport“ наполитанците имаат намера да го задржат 21-годишниот Грузиец кај себе и покрај интересот од голем број европски тимови.
Италијанскиот клуб е подготвен да му понуди на играчот договор до крајот на јуни 2028 година и да ја удвои неговата плата (сега играчот заработува 1,2 милиони евра годишно).
Кварацхелија се пресели во Наполи во јули годинава, на 17 натпревари за тимот има осум гола и 10 асистенции. зс/