Наполи еден месец без Кварацхелија
- Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи во следните четири недели ќе биде услугите на грузискиот напаѓач Хвича Кварацхелија.
Неапол 10 декември 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи во следните четири недели ќе биде услугите на грузискиот напаѓач Хвича Кварацхелија.
Главната ѕвезда на тимот од Неапол ќе отсуствува од терените, откако се повреди во неделниот пораз (0-1) од Лацио, истегнувајќи го десното колено.
Наполи во моментов е второпласиран на табелата во Серија А со 32 бодови, три помалку од лидерот Аталанта.
Во досегашниот тек на сезоната, Кварацхелија постигна пет голови во дресот на Наполи и запиша три асистенции. ег
ФОТО: Фејсбук