• понеделник, 08 јули 2024

Наполи во Жезус гледа замена за Осимен

Наполи во Жезус гледа замена за Осимен

Лондон, 8 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Арсенал, Габриел Жесус може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува АНСА.

Според водечката новинска агенција во Италија, во 26-годишниот Бразилец, Наполи гледа соодветна замена за Виктор Осимен, кој може да го напушти клубот. 

Наполитанците се интересираат и за Алваро Мората од Атлетико Мадрид и Џонатан Давид од Лил.

Оваа сезона Жесус одигра осум натпревари на кои постигна три гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан