• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Напаѓач на Атлетико ќе го пропушти дуелот со Барселона поради суспензија од 5 натпревари

Напаѓач на Атлетико ќе го пропушти дуелот со Барселона поради суспензија од 5 натпревари

Мадрид, 12 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа е казнет со пет натпревари суспензија, соопшти Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација.

Причина за санкцијата беа навредливите зборови што Аргентинецот ги упати кон главниот судија, Гиљермо Куадра Фернандез при поразот на неговиот тим од Хетафе со 1:2 во последното коло од Ла Лига. Во 88. минута Кореа беше исклучен со директен црвен картон поради сериозен фаул.

Напуштајќи го теренот го навредуваше судијата. Играчот потоа се извини за своето однесување со објава на социјалните мрежи.

Поради навредливите зборови опишани во извештајот, Кореа е суспендиран на четири натпревари, што е најлесна санкција за ваков прекршок, а максималната е 12 натпревари. На оваа казна се додава уште еден натпревар поради добиениот црвен картон.

Натпреварите за кои 30-годишниот фудбалер е суспендиран се првенствените дуели против Барселона, Еспањол, Севиља и Ваљадолид, како и реваншот против Барса во полуфиналето на Кралскиот куп. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан