• понеделник, 02 март 2026

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили

Техеран, 1 март 2026 (МИА) - Иранските медиуми јавуваат дека повеќе од 40 припадници на безбедносните сили се убиени во напад врз седиштето на граничниот полк во западниот град Мехран, во близина на Ирак.

„Овој напад, кој беше проследен со бомбардирање, за жал резултираше со мачеништво на 43 припадници на безбедносните сили, повеќето од нив граничари, а делови од блиските згради беа исто така сериозно оштетени“, соопшти новинската агенција Мехр.

„Според првичните извештаи, овој непријателски чин го извршиле агенти на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим.“

Иран го користи терминот „ционистички режим“ за Израел. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан