Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови
- Поради обилните дождови кои го зафатија регионот има наноси на повеќе локални патишта во Делчевско. Појавата е најзабележлива во делчевското село Габрово, каде се апелира на внимателно возење
![Наноси на локални патишта во Делчевско поради обилните дождови](https://new.mia.mk/images/20221113195222_big_730x400_85.webp )
Делчево, 12 август 2022 (МИА) - Поради обилните дождови кои го зафатија регионот има наноси на повеќе локални патишта во Делчевско. Појавата е најзабележлива во делчевското село Габрово, каде се апелира на внимателно возење во текот на ноќните часови.
-Наноси од камења, песок и остатоци од дрвја има на локалниот пат во село Габрово, долж делови од патот во село Разловци, како и во неколку останати села. Поради тоа препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, апелираа надлежните сообраќајни служби во Делчево.
Поради можна појава на одрони од подружницата на Македонија Пат исто така посочија на внимателно возење на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани.
-На овој патен правец поради испарувањето од водениот талог на одредени места е можна намалена видливост, што претставува дополнителен проблем во сообраќајот, додадоа од подружницата на Македонија Пат.
Поради неколкучасовните врнежи сообраќајот долж магистралата А3 се одвива по влажни коловози. вс/рп/
![Локален пат](/articles/images/%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%be%d0%ba%d/irF6bJzbJ/placeholder.webp?use_watermark=0)