Намалување на стапката на слободни работни места во ЕУ во третиот квартал
- Во третиот квартал од 2023 година стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 2,9 отсто, што е намалување за 0,1 процентни поени во споредба со претходното тримесечје, кога таа изнесуваше 3,0 проценти. Во исто време, како што соопшти Европската статистичка агенција – Евростат, на ниво на ЕУ, стапката на слободни работни места изнесуваше 2,6 проценти, што исто така е намалување за 0,1 процентен поен на квартално ниво, од 2,7 отсто во периодот април-јуни 2023.
Брисел, 18 декември 2023 (МИА) - Во третиот квартал од 2023 година стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 2,9 отсто, што е намалување за 0,1 процентни поени во споредба со претходното тримесечје, кога таа изнесуваше 3,0 проценти.
Во исто време, како што соопшти Европската статистичка агенција – Евростат, на ниво на ЕУ, стапката на слободни работни места изнесуваше 2,6 проценти, што исто така е намалување за 0,1 процентен поен на квартално ниво, од 2,7 отсто во периодот април-јуни 2023.
За споредба, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во третиот лански квартал стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 3,1 отсто, а во цела ЕУ 2,9 проценти.
По земји највисока стапки на слободни работни места во периодот јули-септември 2023 година се регистрирани во Белгија од 4,7 отсто, пред Холандија од 4,5, Австрија 4,2 и во Германија од 4,1 проценти. Од друга страна, најниски стапки се забележани во Бугарија и Романија од 0,8 отсто, Шпанија и Полска од 0,9, Словачка од 1,1 и Ирска од 1,2 проценти.
Во споредба со истиот квартал лани, стапката на слободни работни места се зголемила во пет земји членки, во четири е непроменета, а е намалена во 18 држави од ЕУ.
Раст е регистриран во Кипар 0,7 процентни поени, пред Грција од 0,5, Хрватска од 0,4 и Литванија и Малта од по 0,1 процентни поени.
Најголемо намалување, од друга страна, ома во Чешка од 1,0 процентни поени, пред Луксембург 0,9, Австрија и Данска од 0,8 и Финска од 0,7 процентни поени. сп/
Фото: МИА Архива/Евростат