• петок, 22 ноември 2024

Намален водостојот на Преспанското и на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Преспанското и на Дојранското Езеро

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Дојранското, додека нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е на два сантиметра под апсолутно појавениот минимум и е за 1,84 метри понизок од повеќегодишниот просек за септември. Нивото, пак, на Дојранското Езеро е повисоко од просечното и тоа за 1,82 метра исто како и на Охридското Езеро кое е повисоко за само еден сантиметар.

Големо намалување на водостојот во споредба со вчера има и реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е повеќе од двојно пониско од вчерашното. Најголемо, пак, зголемување на водостојот речиси двојно во споредба со вчера има реката Струмица на мерното место кај Ново Село.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан