• понеделник, 23 декември 2024

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостоите на трите природни езера се пониски од просекот за јуни и тоа за 77 сантиметри кај Дојранското, за 1,94 метри кај Преспанското и за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

За разлика од езерата нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината или се блиску до просекот. Исклучок се реките Брегалница на мерното место кај Берово, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е значително понизок од просечниот.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан