• понеделник, 23 декември 2024

Намален бројот на самоубиства во ЕУ - мажите тројно по суицидни од жените

Намален бројот на самоубиства во ЕУ - мажите тројно по суицидни од жените

Брисел, 8 септември 2023 (МИА) – Во земјите членки на ЕУ во 2020 година се регистрирани вкупно 47.252 самоубиства, што претставува намалување за 13,5 отсто во споредба со 2011 година, кога имало 54.623 случаи на самоубиства, соопшти денеска Европската статистичка служба - Евростат по повод Светскиот ден за превенција од самоубиства - 10 септември. 

Податоците покажуваат и дека, како и во претходните години, и во 2020 година стапката на самоубиства е значително повисока кај мажите, отколку кај жените, односно 77,1 отсто од вкупниот број самоубијци биле мажи. 

Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е п

На самоубиства отпаѓаат 0,9 проценти од вкупниот број на смртни случаи во ЕУ во 2020 година, што претставува 10,2 самоубиства на 100.000 жители. 

Највисока стапка на самоубиства е регистрирана во Литванија и тоа 21,3 случаи на 100.000 жители, пред Унгарија со 17,1, Словенија со 17,0 и Естонија 16,3 самоубиства на 100.000 луѓе. Од друга страна најниска стапка на самоубиства пер капита има Кипар со 3,5 случаи на 100.000 жители, пред Малта и Грција со по 4,0, Италија со 5,6 и Словачка 6,9. 

Гледано, пак, по региони, највисока смртност од самоубиства има во јужниот дел на Унгарија со 23,9 смртни случаи на 100 000 жители. По него, следат централна и западна Литванија со по 22,9, францускиот регион Долна Нормандија со 22,3, централната полска област Швијентокшиские со 21,2 и северна Унгарија со 20,6 самоубиства на 100.000 жители. 

Регион со најмал број самоубиства по глава на жител е францускиот африкански остров Мејот со 1,4 случаи на 100.000 луѓе. Натаму следуваат областа на северните егејски острови и Централна Македонија во Грција со 2,3, односно 2,9 самоубиства на 100.000 жители, пред италијанскиот регион Кампанија со 2,9 и југозападна Бугарија со 3,0. сп/

Фото: МИА Архива/Евростат

Остани поврзан