Налепниците со ознаката НМК за регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните
- Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението, донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.
Обврската за користење на ознаката „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор. цр/лв/
Фото: МИА архива